Се повеќе ученици го изучуваат францускиот јазик во Битола

0
249

Во просториите на народната универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Битола, ученицитие кои ги посетуваа часовите по француски во француската Алијанса, синоќа ги добија своите ДЕЛФ. дипломи-диплома за познавање на францускиот јазик .
Овие дипломи се меѓународно признати, но и на меѓународниот пазар на трудот. Со овие дипломи на младите луѓе освен што им се овозможува да го научат францускиот јазик, тие добиваат и алатка за да се интегрираат на пазарот за работна сила.
Дипломите ги врачи почесниот Конзул на Франција во Битола, Калиопа Кривашија Стилиновиќ, која го изрази задоволството од зголемениот број на ученици, кои го изучуваат францускиот јазик.
Создадени во 1985 година од француското Министерство за образование, ДЕЛФ дипломите или дипломи за изучување на францускиот јазик, денес се присутни во скоро 160 земји во светот со близу 1.000 испитни центри, во кои се издаваат околу 70.000 дипломи годишно.
Секоја година повеќе од 100 ученици го изучуваат францускиот јазик, со што се зацврстува позицијата на овој јазик во градот.
За наредниот период од француската Алијанса, ни најавија проширување на активностите и часовите по француски, како и припреми за Фестивалот на музика од светот, кој традиционално секоја година го организираат во партнерство со Центарот за култура.