Се прави дренажа на свлечиштето кај Драгожани

0
868

Кај свлечиштето во близина на Драгожани, на 12,7 километри од браната Стрежево, ЈП Стрежево започна со активности за негова санација. Свлечиштето предизвика проблеми кои се одразија на пропусната моќ на каналот, вели директорот на Стрежево.IZJAVA MARJAN

-Пред две недели кога се пропушташе 5,5 метри кубни во секунда се појавија дополнителни продорни води кои доведоа до проширување на свлечиштето. Ги информиравме професорите од Градежниот факултет кои препорачаа да бидеме внимателни со водата која ја дистрибуираме од каналот, вели Марјан Ѓероски, директор на ЈП Стрежево.SVLECISTE

Биле ангажирани инженери од Градежниот институт кои своето мислење го испратиле вчера до претпријатието.

-Според него треба да се изведат дополнителни дренажни активности кои во моментот ги работиме, вели Ѓероски.

Нема опасност за водоснабдувањето на градот, вели Ѓероски.

-Цела внимателност беше токму да не се дојде до хаварија која би влијаела на водоснабдувањето на градот, вели тој.SVLECISTE 2

Тој вели дека се очекува комплетно средување со состојбата со водоснабдувањето за 6-7 дена.