Се предлага закон за употреба на канабис во медицински цели

0
408
Канабисот за медицински цели ќе биде легален и во земјава. Веќе е изготвен предлог закон кој деновиве ќе се најде на владина седница. Канабисот ќе може да се одгледува во Македонија и тоа само од правни субјекти кои ги исполнуваат строгите критериуми што ги предлагаат здравствените власти.
Од Канабис клубот кој досега во неколку наврати побара легализација на канабисот во медицински цели се задоволни од како што велат позитивниот исчекор и носење на законска рамка со која ќе им се помогне на болните. Велат дека знаат за многу граѓани кои имале сериозни здравствени проблеми и барале помош на црниот пазар кој ги чинел многу пари, а никаква гаранција.
Потребата за легализација на канабисот во медицински цели беше тема и во дебатата на 24 вести.
Според најавите на надлежните медицинскиот канабис ќе се произведува под строга контрола и 24 часовен надзор на целиот процес од агроном и фармацевт.Тој нема да смее да се извезува, a за странскиот пазар ќе може да се нуди маслото односно екстрактот од канабис. Крајниот призвод ќе биде строго контролиран и точно ќе се знае кој може да го пропише, а кој да го прима маслото. Целата постапка треба да заврши до март следната година.

Без коментари

LEAVE A REPLY