Се преврте автобус полн со студенти, 14 загинати

0
1051

Четиринаесет лица загинаа, а 30 се повредени од вкупно 50-те патници што се наоѓале во автобусот кој се преврте по страшната сообраќајна несреќа на околу 150 километри јужно од Барселона.

Во автобусот се превезувале студенти на меѓународна размена. Како што пренесуваат светските медиуми студентите биле на размена на Универзитетот во Барселона во рамки на програмата „Еразмус“.

Несреќата се случила недалеку од гратчесто Фрегиналс, 150 километри јужно од Барселона, а автобусот се враќал од традиционалниот фестивал во Валенсија.