Се преврте автобус со бугарски туристи, 26 повредени

0
602

26 бугарски туристи се повредени во страотна сообраќајна несреќа која се случила синоќа во 21 часот и 50 минути, на магистралниот пат А2 Куманово- Крива Паланка, кај селото Опила општина Ранковци.

Според информациите  сите патници се задржани на лекување и се надвор од животна опасност. Според првичните информации, до несреќата дошло кога автобус со бугарски регистарски ознаки, во кој се возеле сега повредените, изгубил контрола, излегол надвор на коловозот на десната страна, слетал на земјина површина, удрил во дрво и се превртел.
Автобусот бил управуван од 47 годишниот Љ.И од Бугарија. Во автубос се превезувале вкупно 43 патници од нив со тешка телесна повреда се здобиле 5, а 21 со телесна.

Без коментари

LEAVE A REPLY