Се преврте автобус со ученици во Шведска, тројца загинати

0
1004

Автобус со околу 60 патници, во главно ученици, се преврте во централниот дел на Шведска, при што тројца загинаа, а 19 се повредени, дел од нив потешко.

Несреќата се случила на главниот автопат јужно од местото Свег, 430 километри северозападно од Стокхолм.

Автобусот во недела наутро патувал кон еден скијачки центар, а снимките го покажуваат автобусот превртен на страна покрај автопатот.

Причините за несреќата не се познати, но се наведува дека патот утрово бил замрзнат.

http://makfax.com.mk