Се превртил со Сканија и починал

0
632

На 22.09.2016 година околу 10.30 часот на Регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, на планинскиот превој „Барбарос“,  се случила сообраќајна незгода во која Ц.М. (65) од Прилеп, управувајќи ТМВ „Сканија“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на ДООЕЛ „Смит-Транс“ – Прилеп, движејќи се  во правец  на Македонски Брод, изгубил контрола над возилото и се превртел на коловозот, при што  починал на лице место. Увид  на местото на настанот извршила екипа од ПС  Македонски Брод. Сообраќајот беше во целосен прекин од 10.30 до 19.25 часот.

snap-2016-09-23-at-19-25-08