Се растури Kампот на слободата

0
153

Заев, вчера вечер го означи затворањето на Кампот на слободатa пред владата кој опстојуваше 60 дена, по масовниот граѓански антивладин протест на 17 мај.

СДСМ го собра кампот пред Валада. До попладне улицата ќе биде проодна.

Слободата останува, но кампот си заминува, е последната порака на камперите кои уште во мугрите започнаа со  расчистување на просторот пред Владата. Се собра покуќнината, се демонтаираат тендите, бината и прес центарот.

За оваа цел камперите се избориле за точно 60 дена. Велат, минале низ сите невремиња и политички и климатски.