Се регистрираат штети од земјотресот

0
1073

Силен земјотрес придружен со бучава го погоди Скопје три пати во текот на денешниот ден. По двата потреса во една минута кои ги разбудија граѓаните во утринските часови, во 15,10 часот повторно се случи земјотрес. Овој пат најсилен со магнитуда од 5,2 степена по Рихтер. И, додека првите удари можеби само ги исплашија граѓаните кои уште не беа разбудени во неделното утро, третиот предизвика вистинска паника, па луѓето ги напуштија домовите и излегоа пред зградите стравувајќи од нов уште посилен удар.

zemjotresenje_-_03a

Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје претходно информираа дека телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево денеска регистрираа серија земјотреси чии епицентри се наоѓаат во Скопското епицентралното подрачје.

zemjotres2

„Два од овие земјотреси беа почувствувани во Скопје и околината. Првиот од нив се случи во 6,58 часот, имаше локална Рихтерова магнитуда 3,9, а беше почувствуван со интензитет од шест и седум степени според Европската макросеизмичка скала. Вториот земјотрес се случи во 6,59 часот имаше локална Рихтерова магнитуда 2,8, а беше почувствуван со интензитет од четири и пет степени според Европската макросеизмичка скала (ЕМС)“, се вели во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија.

zemjotres-1-1-640x640

На официјалната страница на светската земјотресна опсерваторија EMSC каде се објавуваат сите земјотреси случени во реално време е забележано дека третиот земјотрес се случил во 15,10 часот по локално време со магнитуда од 5,2 степени по Рихтер. Епицентарот на потресот бил на длабочина од 4 километри на 6 километри источно од Скопје, 7 километри североисточно од Сопиште и 4 километру од Усје. Првиот земјотрес, пак, бил со епицентар на длабочина од 4 километри на 6 километри источно од Скопје, 5 километри југозападно од Арачиново и на исто толку километри северозападно од Јурумлери, а вториот, кој беше само една минута подоцна бил на длабочина од три километри и на оддалеченост од пет километри источно од Скопје, шест километри североисточно од Сопиште и на пет километри североисточно од Усје.

Земјотресот предизвика паника меѓу граѓаните. Особено оние кои живеат на повисоките катови во зградите, каде што потресот се чувствува подолго, па и паниката повеќе ги совладува луѓето. Скопјани ги напуштија домовите, а проблем настанана и во телефонските и интернет линиите кои беа буквално пребукирани.

Без коментари

LEAVE A REPLY