Се реконструира железничката станица во Битола

0
2678

Започна да се реконструира железничката станица во Битола. Според најавите од Министерството за транспорт и врски целосно ќе бидат заменети крововите и подовите, ќе се санираат фасадите и внатрешните ѕидови, ќе биде поставена нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети.

zeleznicka 1 Комплетно ќе се смени електричната инсталација – вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, ќе се постават системи за греење и ладење, за противпожарна заштита, патнички информативен систем. Ќе се направи промена на пероните и платото околу станичната зграда, на површина од околу 400 метри квадратни ќе се асфалтира и паркинг просторот  околу станицата.

zeleznicka 2 Проектот е  на Министерството за транспорт и врски и опфаќа целосна реконструкција на сите главни елементи на станиците од  Коридорот 10 според стандарди на ЕУ.
Со проектот  како што неодамна изјави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски се опфатени 10 железнички станици и тоа Велес, Прилеп, Демир Капија, Табановце и Градско, Битола, Гевгелија, Богомила, Чашка и Неготино – Вардар.

zeleznicka 3 Четири од нив веќе се завршени и тоа во Велес, Прилеп, Демир Капија и Градско, останатите се во фаза на реконструкција или дел ќе започнат да се реконструираат, а комплетно се очекува да  бидат завршени оваа година. Инвестицијата е вредна 1,9 милион евра средства обезбедени преку ЕУ.