Се реконструира железничката станица во Прилеп

0
2844

Во изјава за медиумите градоначалникот Ристески истакна дека со реализацијата на овој капитален проект и со негово партерно поврзување со новата автобуска која пред една година беше ставена во функција Прилеп ќе добие еден современ транспортен центар.

Со реализацијата на овој проект железничката станица ќе стане подостапна за сите граѓани кои користат железнички сообраќај.

Проектот е на Министерството за транспорт и врски и опфаќа целосна реконструкција на сите главни елементи на станиците. Според најавите, целосно ќе бидат заменети крововите и подовите, ќе се санираат фасадите и внатрешните ѕидови, ќе биде поставена нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети.