Се садеше во Нова Битола

0
638
SONY DSC

На последниот ден од месец ноември се одржа Денот на дрвото. Акција која што се спроведува 17 та година по ред. Годинава под мотото „Засади еко-иднина“. Се садеше за прв пат во Урбаните средини. Во Нова Битола на ул. Анести Пановски беа засадени 800 садници

SONY DSC

-Традиционално продолжуваме со засадувањето на дрва, но денес во договор со Влада на Р.М одлучивме тоа да го направиме во урбаниот дел на градот. Обично засадувањето беше во делот каде што беа големите пожари, каде и денес Македонски шуми има акција за пошумување, но ние сме сконцентрирани во урбаниот дел. Во овој дел ќе бидат засадени околу 800 садници. Овој пат акцент се стави на неколку градови кои што имаат проблем со загадувањето, со што се стави фокус и на Битола. Така што мислам дека ќе имаме масовен одзив на нашите граѓани не само во текот на денешниот ден туку во текот на целата недела. Се разбира доколку има потреба, доколку има можности и доколку сакаат граѓаните акцијата ќе трае и подолго од она што беше предвидено со планот” изјави градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески.

Ќе се пошумува на повеќе од 15 локации од градот . Битола како еден од загадените градови во Македонија доби околу 150 илјади садници. Се садеа и зимзелени и листопадни дрва.

SONY DSC

Досега од страна на граѓаните во ЈП Комуналец биле побарани над 3850 садници кои што ќе бидат засадени во текот на неделата .

-За разлика од минатите години, акцентот е ставен на урбаниот дел во Битола, затоа што четири градови Битола, Скопје, Кичево и Тетово се во минатиот период најзагадени градови, така што Владата додели најповеќе садници за тие центри. За Битола се доставени 3850 садници кои во текот на денешниот ден и наредните неколку денови треба да бидат засадени на 15 локации. Покрај јавни зелени површини и дрвореди и онаму каде што недостасува, главно акцентот ќе биде ставен на урбаниот дел, истакна директорот на ЈП Комуналец Зоран Соклевски.

Покрај редовното вклучување во акцијата, општина Битола во соработка со ЈП Комуналец, за заинтересираните физички и правни лица, обезбеди садници кои од денес ќе придонесат за разубавување на приватните и дворовите на јавните објекти. Во рамките на оваа акција официјални барања доставија 25 правни лица за 500 садници и 62 физички лица за 320 садници.На ниво на Македонија ќе се засадат повеќе од 2,6 милиони садници на над 550 хектари. Статистиката покажува дека од 2008 година досега со акцијата „Ден на дрвото“ се засадени 36 милиони садници, односно вкупно со редовните обврски на „Македонски шуми“ се посадени 68 милиони садници или над 35 илјади хектари.