Се самоповредил во ловџиска пушка

0
562

На Бадник, околу 15:30 часот, со итната медицинска помош од Крушево во Болницата во Прилеп бил донесен 27-годишниот П.С. од Крушево, кој имал повреди од огнено оружје (ловечка пушка) во пределот на десната натколеница.

Според исказот на повредениот, настанот се случил а околу 14:30 часот, на местото викано Арилево каде што тој се лизнал и паднал, при што оружјето само испукало.
Веднаш по инцидентот, останатите лица што биле заедно со П.С. повикале брза помош, и случајот бил пријавен во полиција
По укажаната лекарска помош, П.С., поради сериозноста на повредите, бил префрлен и задржан на натамошно лекување во Ургентниот центар во Скопје. Според информациите на лекарите, тој е вон животна опасност.