Се самоуби грчкиот бизнисмен Киријакос Мамидакис

0
1545

Грчкиот бизнисмен Киријакос Мамидакис чија нафтена компанија ,, Мамидоил-Џетоил’’ поднесе барање за банкрот изврши самоубиство во својот дом во предградието Дионис во Атина. Мамидакис си пукал во главата.

Телото го пронашол неговиот зет попладнето,а пиштолот бил до него. 84-годишниот Мамидакис  кој беше извршен директор на ,,Мамидоил-Џетоил” прогласи банкрот на неговата компанија на 9 јуни и поднесе официјално барање до судот, кој требаше да го разгледа на 1 ноември годинава. Компанијата се соочуваше со финансиски тешкотии во последните две години и беше принудена да оди на банкрот и на тој начин да ги исплати долговите од 314 милиони евра.

Мамидакис имаше спор со македонската рафинерија Окта откако грчките газди на Окта,Хеленик петролеум,го раскинаа договорот со Мамидакис да мораат да купуваат нафта само од неговата компанија, договор кој Окта го потпиша со Мамидакис уште додека беше во државна сопственост.