Се шири болеста штенечак кај кучињата

0
3812

Во последните години се зголемува бројот на кучињата кој што ја имаат болеста штенечак. Најчесто како што велат познавачите на приката, се јавува во пролет и есен . Претставува акутна заразна болест кај кучињата, која има вирусна етиологија, се карактеризира со катарални промени на слузниците, и нерви пореметувања.

-Причинител на самата болест е вирус со тенденцција на ширење меѓу кичињата. Контактот преку кои се заразуваат се самите заразени кучиња кои завршуваат на улица и претставуваат една оапасност кај останатите кучиња миленичиња, при што вирусот го има буквално во сите секрети кој што ги лачи кучето, изјави Др.мед.вет. Владе Стојановски

Клиничката слика на болеста се јавува во повеќе облици во зависност кои органи се зафатени.

Кај штенечакот смртноста е од 75-95%, а кучињата кои ја преболеле болеста остануваат со трајни последици кои се посебно изразени на сетилата.

-Најголемиот проблем е со кучињата кои остануваат на улица бидејќи тие претставуваат преносители на болеста. Заради тоа треба превентивно вакцинирање на сите кучиња но и нештетно оштетување на сите кои сме веќе повеќе сигурни дека се работи за штенечак односно еутаназија за да се спречи ширење на болеаста , која е правило број е за да се заштитиме

Оваа болест се пренесува од куче на куче, но не се пренесува од куче на човек, вели Стојаноски.

Д-р Стојановски со апел до граѓаните сите оние кои што имаат домашни миленици навремено да ги вакцинираат, а доколку наидат на бездомно куче и ги забележат симптомите дека кучето е болно од штенек да го однесат во најбликста ветеринарна амбуланта за да се види во кој стадиум е болеста, за да почне да се лечи.