Се шири пожарот кај Лавци

0
1217

Се уште не е локализиран пожарот кој попладнево избувна кај Лавци. Пред малку за Тера телевизија од противпожарната единица на Битола рекоа дека се уште се работи на терен.

12963361_10207757281907274_5966149623937817466_n

Дел од граѓаните на социјалните мрежи предупредуваат дека пожарот се шири на кај Неолица.

Како што веќе објавивме попладнево избувна пожарот, при што горела горела трева, нискостеблеста шума ( грмушки , смрека, млади дабови ).

12994305_10207757284307334_2669428840497202846_n

Пожарот бил пријавен во 15:30, а избувнал  кај м.в. Петочна вода кај црквата Св. Аранѓел во атарот на селото Лавци.

Пожарниакрите велат дека силниот ветер прави проблеми во борбата во пожарот.