Се што ви треба е љубов, голем концерт во Скопје

0
540

После големиот концерт на Иан Гилан, во организација на Авалон продукција се спроведува најновиот проект „Се што ви треба е љубов“ (All you need is love) со кој „Авалон Продукција“ ја затвора 2016-та година во Македонија.

После многу светски имиња и светски концерти во Скопје, оваа година ќе се затвори со најдоброто во областа на поп-рок музиката во последниве 20-тина години, со три целовечерни концерти на едно место – на Бајага и Инструктори, Прљаво Казалиште и Ареа.

Сите три бендови ќе настапат со целовечерни концерти од по 90 минути, така што забавата ќе трае речиси 6 часа.

Како што најавуваат од „Авалон“, трети декември ќе биде идеална вечер да се соберат сите генерации на едно место, за да го видат и да го слушнат најдоброто од регионот.