Се случи Тракторијадата во Могила

0
273

Дождот не спречи проектот Отркиј ја Пелагонија, преку Могила да се случи.Тракторијадата се отвори, посетителите дојода , заинтересираните видоа, а некои можеби и купија.

Стево Пивковски градоначалник на Могила вели дека Тракторијадата е малку подзаборавена и веќе две години не се случува а е штета бидејќи Могила е најголема житница и срцето на Пелагонија.

До година вели Пивковски, тракторијадата треба да стане државен натпревар.

Емилиа Ѓероска директор на ЦРППР, вели како копартнер во организацијата на овој настан смета дека е погодена целта.

Денеска во Могила активноста беше насочена кон руралните средини, земјоделието и обработката на почвата, со што 7 домашни и неколку странски компании за продажба на земјоделска механизација се претставија.Имаше и банкарски претставници, бидејќи Могила е најголем апликант за ИПАРД.