Се снима „Ефектот на среќа“

0
487

Повеќе од две недели екипата која работи на филмот „Ефектот на среќа“ во режија на Борјан Зафировски снима приказна за универзалната потрага по среќа на различни локации низ Скопје и Охрид, а во моментов се работат сцени во студиото на Fx3x. Главните ликови во ова остварување ги толкуваат: Дејана Попоска, Сашко Коцев и Ана Стојановска, додека во другите улоги се појавуваат Сара Анастасовска, Јовица Михајловски, Петар Арсовски и Мими Таневска. Покрај тоа што е режисер, Зафировски го напиша и сценариото во соработка со познатиот македонски драматург и писател Дејан Дуковски.

Дејството во „Ефектот на среќа“ е сместено во Македонија, но приказната е универзална и е поврзана со личната потрага по среќа и по смислата на животот што се прашања кои се заеднички за сите луѓе без разлика од каде доаѓаат.

„Работата на еден игран филм е макотрпен процес кој честопати трае со години. Долг е патот од идејата до реализацијата, но досега изодевме голем дел од тој пат. Задоволен сум од соработката со целата екипа и секако од актерите со кои комплетно се разбираме во тек на креативниот процес, што е показател дека се приближуваме кон добар производ. Кога има разбирање, соработка и конструктивна размена на мислења, верувам дека успехот е неизбежен. Откако ќе завршиме со снимањето следува монтажа, постродукција и уште многу други сегмементи кои се клучни делови од создавањето на еден игран филм. Но, засега сите наши сили се насочени кон тоа да снимиме добри сцени и да го извадиме максимумот“, вели режисерот Зафировски.

Без коментари