Се снима во Мариово

0
639

Филмаџии од Европа денеска во атарот на мариовското село Мегленци почнаа со снимање филм во македонско-италијанска-француска-албанска копродукција. Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци бил информиран дека станува збор за интересна животна приказна на едно албанско семејство, а за најпогодно го избраа мариовското село Мегленци. Режијата и сценариото се на Едмонд Будина. Филмот е поддржан и од Балкан Синема Сити.Буџетот за филмот ,,Скршено,, изнесува околу 500.000 евра.