Се спои Европа, пуштен најдолгиот тунел во светот

0
1232

Најдолгиот тунел во светот, кој е изграден во Швајцарија и треба да овозможи подобро поврзување на северниот и јужниот дел на Европа, е отворен за сообраќај, соопштија швајцарските сојузни железници.

Тунелот, наречен ГБТ (Готард базен тунел), помеѓу Цирих и Лугано, е долг 57 км и поминува низ планината Сент Готард во Алпите.

„Божиќ е!“, рече Андреас Мајер, директор на Швајцарската железница, откако поминал првиот патнички воз, кој од Цирих тргнал во 6:09 часот и пристигнал во Лугано во 08:17 часот.

Тунелот во јуни го отвори швајцарскиот претседател јуни Јохан Шнајдер-Аман, во придружба на францускиот претседател Франсоа Оланд и германската канцеларка Ангела Меркел, тогашниот италијански премиер Матео Ренци и австрискиот канцелар Кристијан Керн.

На изградбата на железничкиот тунел се работеше 17 години, а чини речиси 11 милијарди евра.

Новиот коридор Рајна – Алпи директно го поврзува Северно Море со Медитеранот, од Ротердам до Џенова.

Низ тунелот секојдневно ќе минуваат 260 товарни возови со брзина од 100 км / ч и 65 патнички, кои ќе се движат и до 200 км / ч.

По овој тунел, најдолгиот во светот се тунелот Сеикан во Јапонија (53,9 км) и тунелот под Ламанш меѓу Франција и Велика Британија (50,5 км).

 

Без коментари

LEAVE A REPLY