Се сруши воен авион на Суматра, загинаа 30 лица

0
178

Најмалку 30 лица загинаа кога воен авион Herkules C-130 се сруши во резиденцијалниот дел на градот Медан, на индонезискиот остров Суматра, изјави портпаролот на индонезиската спасувачка агенција, Хисар Турнипи, за Ројтерс.

„Најновите информации што ги имаме се дека 30 лица се загинати. Бројот на загинатите би можело да се зголемува“ изјави тој.

Командантот на воздухопловната операција Агус Дви Путранто претходно за локална телевизија изјави дека во авионот се наоѓале 12 членови на екипажот, но се уште не се знае колку вкупно луѓе се наоѓале во авионот, пренесе АП.

Портпаролот на индонезиските воздухопловни сили, Ди Бадарманто изјави дека авионот се срушил нешто по полноќ, само неколку минути откако полетал од аеродромот во Медан.

Индознесиката телевизија емитуваше снимка од авионот во пламен. Ројтерс го пренесува извештајот на локалната телевизија дека авионот паднал на две куќи и еден автомобил.

Ова е втор пат во последните 10 години да се сруши авион во Медан. Во септември 2005 година, Boing7387 на Мандал Ерлајнс се сруши набрзо откако полета од аеродромот Полонија во Медан кога загинаа 143 лица.

Медан има околу 3,4 милиони жители и е трет најнаселен град во Индонезија.