Се стабилизира состојбата по поплавите во Прилеп

0
1148

Состојбата во Прилеп се стабилизира, се санираат дефектите на шахтите, и по улиците, во домовите, по вчерашното невреме и поплавите во повеќе населби.

Екипи на јавното претпријатие Водовод и канализација синоќа речиси до полноќ работеле на терен на отстранување на проблемите.

Досега вкупно 50-ина домаќинства пријавиле штети, а освен семејството до Опптинската комисија претрпени штети може да пријават и земјоделците. А, реакциите на граѓаните не стивнуваат.

Жестоки критики на адреса на локалната власт, упатија прилепските социјалдемократи. Бараат законска, политичка и морална одговорност за реализацијата на проектите „Пречистителна станица и реконструкција на  канализационата мрежа.

Од ЈКП Водовод и канализација, истакнуваат дека реализацијата на двата проекта: пречистителна станица и реконструкција на фекалната канализациона мрежа, кои што се во тек, немаат директен, туку многу минимален импакт во подобрување на состојбата и зголемување на капацитетот на атмосферската канализациона мрежа.