Се судрија автомобил и автобус на патот Битола-Демир Хисар

0
1276

На 24.02.2016 година во 16.10 часот на регионалниот пат Битола-Демир Хисар се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Мерцедес“ со битолски регистарски ознаки, управувано од С.А. (47) од Битола и автобус „Форд Транзит“ со битолски регистарски ознаки, управуван од З.Д. (47) од Битола. Во незгодата возачот на автобусот З.Д. се здобил со тешки телсни повреди(фрактура на чашка од лево колено, пукнатина на скочен зглоб и посекотина на колено), кој е пренесен и задржан на лекување во КБ-Битола. Додека со телесни повреди се здобиле 10 лица-сопатници во автобусот, кои по укажаната лекарска помош во КБ-Битола се пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY