Се судрија автомобил и автобус на патот Битола- Прилеп

0
1564

На 24.11.2016 година во 20.00 часот на патот Битола – Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Опел Вектра“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (45) од Битола и Автобус „Санос С314“, со битолски регистарски ознаки, управувано од З.С. (48) од с.Единаковци, демирхисарско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.М., возач на ПМВ и на истиот му била укажана лекарска помош во Клиничка болница Битола. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Битола.