Се тепаа бегалци во камп на островот Лезбос

0
291

Се тепаа група мигранти од Авганистан и Пакистан во бегалскиот камп Морија на осторовот Лезбос, јави дописникот на МИА од Атина.

Локалните власти информираа дека поголем дел од повредените добиле помош од медицинскиот персонал на невладини организации, а тројца се однесени во болница.

Се смета дека до тепачката дошло, откако Пакистанците ги обвиниле Авганистанците дека користат „мафијашки методи“ за да го контролираат кампот во Морија, а Авганистанците ги обвиниле Пакистанците за кражба и сексуално вознемирување.

Додека траела тепачката избил пожар кој брзо е изгаснат, а уништени се и неколку шатори. Многу арапски бегалци со своите семејства, го напуштиле кампот плашејќи се за својата безбедност.

Нередите се смириле  откако во кампот интервенирала грчката полиција.  Во кампот Морија, каде во моментов се сместени околу 3.000 мигранти често има инциденти.