Се тресе Балканот, земјотреси и во Грција, Турција, Бугарија

0
417

Во последните 24 часа на Балканскиот Полуостров се регистрирани повеќе од 25 земјотреси, главно со помали магнитуди, меѓу 2-3 степени според Рихтеровата скала.

Утрово земјотрес е регистриран на островот Закинтос во Грција со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала.

Најмногу земјотреси се регистрирани во Турција и во Грција.

Во последните 24 часа земјата се тресеше и во Бугарија, Србија, Романија, Босна и Херцеговина, Италија и Македонија.