Се укинува интермедијарниот испит за специјализанти

0
385

Министерството за здравство ќе го укине интермедијарниот испит кој специјализантите по медицина требаше да го полагаат по втората година, со тоа што ако паднат го губеа правото да ја продолжат специјализацијата.

Одлуката ја соопшти министерот за здравство Арбен Таравари, а е  поздравена од младите лекари и специјализанти, кои во повеќе наврати алармираа за бројните проблеми кои ги предизвика носењето на Законот за здравствена заштита во 2015 година, во време на министерувањето на Никола Тодоров.

http://plusinfo.mk

Без коментари