Се урна американски воен авион, 16 лица загинаа

0
415

Американски транспортен воен авион од типот „KC-130 Hercules“ се урна во државата Мисисипи, а најмалку 16 лица загинаа, пренесува телевизискиот канал Mississippi News Now.

Транспортниот авион на американските маринци се урнал во округот Лефлор околу 100 километри од Џексон, најголемиот и главен град на американската сојузна држава Мисисипи.

Засега не се познати причините за несреќата, но според тврдења на очевидци авионот започнал да понира, а потоа експлодирал и се распаднал додека се приближувал кон земјата.

Остатоците од авионот се пронајдени од двете страни на локалниот автопат. Според полицијата, во леталото имало многу муниција, што ја отежнува работата на спасувачите и пожарникарите.

Фред Рендл, директор на управата за вонредни состојби во округот Лефлор, изјавил дека повеќето од жртвите биле маринци.