Се урна хеликоптер во Норвешка

0
441

Хеликоптерот кој превезуваше 14 лица се урна во близина на градот Берген на западот на Норвешка.

Портпаролот на полицијата Мортен Кронен потврди дека хеликотерот се урна и дека потполно е уништен. Како што рече, имат информации дека се случила експлозија и дека имаше густ чад како и луѓе во морето.
Кронен истакна дека хеликоптерот се урна на островот Туроеј во близина на Берген. Не даде информација зошто луѓето завршиле во вода. Исто така, не можеше да објасни ни за кој хеликоптер станува збор.
Норвешките медиуми објавија и фотографии од густиот дим, а очевидецот Ребека Андерсен рече дека се слушнала силна експлозија. Наведено е дека хеликоптерот се движел кон нафтната платформа во Северно море, 120 километри од Берген.