Се урна руски бомбардер

0
349

Руски бомбардер Су-25 се урна во Приморскиот крај, кој се наоѓа на брегот на Јапонското Море, во јужниот дел на рускиот Далачен Исток.

Пилотот успеал да се катапултира и не настрадал, јави ТАСС, повикувајќи се на официјални извори.

Авионот се урна покрај аеродромот Черниговка. Според првичните имнформации можна причина е откажување на работата на моторите.

Министерството за одбрана прецизираше дека авионот, кој имал пробен лет, претрпел хаварија при обидот за слетување.

Според Министерството нема жртви и ранети, ниту на небо, ниту на земја при пад на авионот.