Се урна руски борбен хеликоптер во Сирија

0
285

Хеликоптер на руските воздухопловни сили кои дејствуваат во Сирија од типот „Ми-28Н“ се урна ноќта кон саботата при што загинале двајцата пилот, соопшти во вторникот руското министерство за одбрана истакнувајќи дека несреќата не е резултат на непријателско дејство.

Несреќата се случила околу полноќ по средноевропско време во близина на градот Хомс близина на градот Хомс во истоимената централна сириска покраина, пренесуваат руските агенции. Засега не се познати конкретните причини за уривањето на хеликоптерот.

„Според извештаите од местото на падот, немало огнено дејство врз хеликоптерот“, се наведува во соопштението на министерството за одбрана на Русија и се додава дека по спасувачката операција телата на загинатите пилоти се пренесени во воздухопловната база Хмејмим, каде што се стационирани главнината на руските сили по започнувањето на нивното повлекување од Сирија, по указот од рускиот претседател Владимир Путин.

Ударните хеликоптери „Ми-28-Н“ руската авијација ги користеше за време на операциите за ослободување на градот Палмира од џихадистичката група Исламска држава. Овие летала, вооружени со противтенковски проектили, се користеа за уништување на оклопните возила на терористичката организација./крај/мф/сн