Се урна скеле во Кина, 67 загинати

0
251

Најмалку 67 луѓе загинаа денеска кога се урнало скеле на градилиште на истокот на Кина, јавија кинеските медиуми.

Скелето паднало за време на работа на платформа на разладна кула на електрана во кинеската провинција Џанси, јави агенцијата Синхуа.

ТВ станицата ЦЦТВ објави дека двајца се повредени, а еден се води како исчезнат. Притоа се наведува и дека се урнал и дел од кулата.

Ангажирани се 22 противпожарни возила и 212 војници кои трагаат по затрупаните.

На платформата се работело од јули минатата година, а проектот требало да биде завршен во 2018 година.