Се урна словачки спасувачки хеликоптер, четворица мртви

0
220

Спасувачки хелиоптер се урнал во централна Словачка во средата навечер и притоа загинале тројца припадници на спасувачки тим и пациент, изјави во чевртокот портпаролката на приватната спасувачка служба „Air Transport Europe“.
Остатоците од хеликоптерот и четирите тела се пронајдени во четвртокот утрото во областа Стрелник, планински крај во близина на Банске Бистрице, околу 240 километри источно од словачката престолнина Братислава.
Засега не е позната причината за падот на хилекиптерот од типот „Bell 429“ кој летал кон болницата во регионалниот административен центар Банске Бистрице.

Портпраолката на службата Зузана Хопјакова изјави дека неколку часа пред да биде потврден падот на леталот, хеликоптерот надлетувал локална шума Словенски Рај која е национален парк каде ја извршувал мисијата./крај/мф/сн