Се урна воен авион на аеромитинг

0
241

Седум лица загинаа денес во несреќа на авион во текот на аеромитинг на подрачјето на западен Сусекс, во Велика Британија. Поранешниот воен авион, како што се гледа на снимките, паднал врз автомобилите на блискиот автопат и експлодирал.

Има и повредени, лесно и потешко.

Пилотот сепак го преживеал падот. Во последен момент капитулирал во воздух и тргнал кон тлото.

Околу 20 000 луѓе сведочеа на падот на авионот.

Сведоци велат дека авионот изведувал круг во воздух и дека „на дното“ на кругот изгубил сила и тргнал кон тлото.

„Слушнавме експлозија и видовме како се мешаат оган и дим. Сите се во шок, се надеваме дека само пилотот преживеал“, вели Џејсон Дварик.