Се уште нема брз воз за и од Битола

0
758

Нови возови по старо-нов возен ред издаде Македонски железници за претстојнава година. Иако нема медиумско известување или известување на официјалната интернет страна на македонски железници, од пред два дена возовите во домашниот и меѓународен железички коридор сообраќаат по новиот возен ред. Покрај тоа што дури од следната година се очекуваат новите моторни вагони за патниците, во новиот возен ред нема поважни измени.
Во внатрешниот патнички сообраќај на патниците ќе им бидат на располагање четири пара возови меѓу Скопје и Битола, три пара возови меѓу Скопје и Гевгелија, два пара возови меѓу Скопје и Кичево, и еден пар возови дневно меѓу Скопје и Кочани.
Од Македонски железници за Тера велат дека останува истиот возен ред како што беше порано на релацијата Скопје – Битола и обратно, со тоа што иако го пишува во возниот ред се уште го нема брзиот воз кој сообраќаше на релацијата Скопје – Битола со тргнување од Скопје во 16.55 часот и возот на релација Битола – Скопје кој од Битола тргнуваше во 5.18 часот. Се уште не се знае кога ќе сообраќа.