Се уште затворен патот над Битола

0
321

Се уште е затворен патот над Битола заради одронот кој се случи минатата недела. Заради ова сообраќајот пренасочен низ градот.

Магистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп, кај Битола, поради одрони на патот, е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува низ градот. И денеска вака известуваат од Автомотосојузот на Македонија.

Заради ваквиот прекин, сообракајот е пренасочен низ градот, па така можат да се забележат големи товарни возила-шлепери како заглавуваат низ градските сообракајници.

Што поскорото завршување на интервенцијата на патот, ќе озоможи и непречено одвивање на сообракајот на оваа магистрала, а и сообраќајниците низ градот нема допонително да се уништуваат или пак да има уште поголемо загадување на воздухот од оние кои транзитираат.