Се запали авион на „Сингапур ерлајнс“ со 222 патници

0
977

Патнички авион на „Сингапур ерлајнс“, што требаше да лета на својот редовен лет до Милано, бил зафатен со оган, веднаш откако леталото принудно атерирало на аеродромот во Сингапур.

Авионот „Боинг 777“ со 222 патници и 19 членови на екипажот, полетал рано утринава во 02:05 часот на пат за Италија, но по два часа летање, пилотот побарал и добил дозвола да се врати назад, откако јавил за проблеми со моторите.

Веднаш по слетувањето на сингапурскиот аеродром, еден од моторите се запалил предизвикувајќи пожар на десното крило на авионот.

Во соопштението на авионската компанија се вели дека никој од патниците и членовите на екипажот не настрадал и дека сите биле безбедно евакуирани.

Интервенирале противпожарните екипи кои за кусо време го изганале огнот, но засега не се знае обемот на штетата што е предизвикан.