Се запали приватен авион во Истанбул – четворица повредени

0
113

Четири лица се повредени откако синоќа приватен луксузен авион излета од писта на аеродромот во Истанбул.

Авионот требало да полета од аеродромот „Ататурк“ кон Кипар, но при полетувањето имал проблеми со сигнализацијата, поради што пилотот се обидел да го спушти леталото. Од силината на ударот на тлото, авионот се запалил.

Во инцидентот повредени се двајцата пилоти, стјуардесата и еден патник – сите државјани на Турција. Локалните медиуми соопштија дека сите четворица успеале навремено да излезат од авионот, на сите им е пружена лекарска помош и се надвор од животна опасност.