Се зголемува битолската колонија во Струмица, Димитровски се договори со Зомимак

0
158

Искусниот кружен напаѓач на Прилеп, Васко Димитровски од наредната сезона ќе настапува за вицешампионот Зомимак. Сите детали од преминот на битолчанецот во тимот од Струмица се договорени и тој треба да им се придружи на Пецаковски и Босеовски, кои веќе го носат дресот на овој суперлигаш. Корпулентниот Димитровски има 33 години и покрај за матичниот Пелистер во три наврати (до минатата сезона беше и капитен) настапуваше на кратко и за Вардар и половина сезона за Прилеп. Од наредната сезона Зомимак ќе ја претставува Македонија во регионалната СЕХА лигата, заедно со државниот шампион Вардарр.