Се зголемува бројот на загинатите во земјотресот во Кина

0
332

Бројот на загинатите во земјотресот во Кина би можел да се зголеми и до 100 лица, проценуваат кинеските власти, по информациите дека потресот со интензитет од 6,5 степени според Рихтеровата скала оштетил околу 130.000 куќи во провинцијата Сичуан.

Кинеските медиуми јавуваат дека околу 1.000 лица се повредени во земјотресот чиј епицентар бил на 200 километри северозападно од Гуангјуан.