Се зголемува бројот на жртвите од падот на авионот врз хотел во Индонезија

0
150

Бројот на жртвите во несреќата од индонезискиот воен транспортен авион од типот „Hercules C-130“ кој се урна врз станбена област во северниот дел на островот Суматра, во градот Медан, се зголеми на 38 од, како што претходно беше објавено – 30 загинати, објавија претставници на Црвениот крст.

„Пронајдовме 38 тела, меѓу нив и на едно дете“, изјавил за AFP членот на спасувачката служба од болницата во Медан, Еко Трианди. Според извештаите од местото на несреќата, на местото на падот на авионот сé уште има жртви, истакнале претставници на болницата.

Авионот полетал од индонезиската воена база во Медан и се упатил кон острово Натуна. Несреќата се случила во населена област на Медан, третиот по големина град во Индонезија. Вработени во хотелот врз кој се урна авионот изјавуваат за медиумите дека воздухопловот експлодирал врз хотелската зграда. Парчиња од „Hercules C-130“ погодиле и две куќи и оштетиле електрични водови. Очевидци раскажуваат дека уште се издига столб од чад над местото на трагедијата.

Според прелиминарните податоци, во авионот имал 12 членови на екипажот, како и патници, чиј број точно не е утврден. Пилотите наводно откриле проблем и сакале да се вратат во базата. Авионот направил свртување на околу пет километри од базата, по што се урнал.