Се зголемува македонската колонија во Констанца, Дрогришки минува кај Шундовски

0
189

Ракометарот на Пелистер и на младинската репрезентација на Македонија, Стефан Дрогришки од идната сезона ќе настапува во романската Констанца, каде тренер е Звонко Шундовски, а долги години настапува Бранислав Ангеловски. Уште од пред неколку месеци, левиот бек имаше преддоговор сороманскиот клуб и истиот ќе биде активиран ова лето. Без разлика што Констанца не ја одбрани титулата во шампионатот кој заврши, клубот има јасна стратегија во која ќе вклучи и многу млади ракометари, а за Дрогришки скокот во кариерата е од големо значење. Со заминувањето на уште еден ракометар во романската лига, уште поубедливо произведуваме најмногу ракометари за романскиот ракометен пазар.