Сеад Кочан дојде на судењето за „Труст“

0
202

На за денеска закажаното судско рочиште за случајот на Специјалното јавно обвинителство „Труст” се појави и првообвинетиот, бизнисменот Сеад Кочан, сопственик на компаниите „Трансмет” и „ТВ Нова”. Претходното рочиште на 7 ноември беше одложено по забелешката на одбраната на Кочан дека обвинетите примиле само обвиненија, но не и листата на докази што ги предлага СЈО.

Обвинителот на СЈО Гаврило Бубевски тогаш изјави дека тие до судот ги доставиле доказите во доволен број примероци и оти според процедурата судот е должен на одбраната да ги предаде листите со докази покрај обвиненијата.

www.mkd.mk