Седмо продолжение на конститутивната седница на Собранието

0
344

Седмо продолжение на маратонската расправа во Собранието.

Со реплики и контрареплики минаа шест дена од конститутивната седница, на која точките кои се на дневен ред за избор на претседател на комисијата за прашања на изборите и именувањата, заменик на претседателот, членови и нивни заменици, како и изборот на нов собраниски спикер не стигнуваат на ред за разгледување.

По една недела лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера дојде во Собранието и седна во пратеничката клупа. Од  СДСМ со обвинување – Собранието е блокирано заради заштита на криминал. ВМРО-ДПМНЕ возврати – криминалот барајте го во сопствените редови.