Седнал на клавир пред Батаклан и ја отсвирил Имеџин

0
317

Терористичкиот напад во главниот француски град во кој загинаа најмалку 128 луѓе, а околу 200 се ранети, го потресе целиот свет, а додека Исламска држава триумфира, другите шират пораки за мир.

Во самиот Париз, голем број уметници се „мобилизираа“ за да покажат дека градот на светлината сè уште е полн со живот. Еден човек со велосипед дошол пред концертната сала Батаклан, каде што синоќа беа убиени стотина заложници, и на клавир пред сите ја отсвирил познатата песна на Џон Ленон „Imagine“.

www.mkd.mk