Седница на косовското Собрание за Специјалниот суд

0
186

Собранието на Косово во понеделник на седница ќе го разгледа предлог амандманот 24 од Уставот на Косово со кој се отвора патот за формирање на специјален суд, кој треба да суди за евентуални злосторства на поранешни високи функционери на Ослободителната војска на Косово(ОВК).

За одлуката за свикување на седницата гласале претставниците на Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и партиите на малцинствата, додека против биле опозициските Самоопределување, Алијансата за иднината на Косово и Иницијативата за Косово, кои во петокот ја напуштија седницата на Претседателството на Собранието на Косово.

Потпретседателот на Собранието на Косово Џавит Хаљити во недела за приштинските медиуми изјави дека е обезбедено мнозинство за усвојување на амандманот. /крај/он/ст

Без коментари

LEAVE A REPLY