Седница на Советот на јавни обвинители

0
246

Истиот список со 14 имиња специјалната обвинителка Катица Јанева повторно го доставила до Советот на јавни обвинители, потврдуваат оттаму.

Иако за вчера беше закажана редовна седница за на која претседателот на Советот на јавни обвинители Петар Аневски не ја отфрли можноста повторно да се разгледува барањето на Јанева, сепак тоа не се случи.

 Без образложение Советот ја презакажа седницата за денеска. Обвинителите треба да одлучат дали барањето на Јанева ќе се стави на дневен ред за разгледување, откако првично и беше одобрен само половина од тимот на обвинители кој таа го побара.