Седницата за разрешувањето на Зврлевски ќе продолжи в петок

0
254

Седмото продолжение на шестата седница на Собранието, на која се расправаше за разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски, по четири паузи, наместо во 18 часот, синоќа беше прекинато во 21.30 часот.

Следното продолжение на седницата собранискиот спикер, Талат Џафери, го најави за петок, во 11 часот.

Расправата вчера помина во реплицирање помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, додека пратениците на СДСМ не учествуваа во расправата.

Теми на меѓусебните реплики беа пожарите, мигрантите, Супер купот, Договорот со Бугарија итн.

Без коментари