Седници на три собраниски седници

0
178

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство и за транспорт, врски и екологија.

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го разгледа Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за здравство се Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, во прво читање и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за хемикалии, во второ читање.
Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај и на Законот за јавните патишта, во второ читање, и измените и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, во прво читање.